Настани snoop-dogg-snoop-lion-8.7.2012

21 февруари, 2013

Снуп Дог доаѓа на Егзит 2013

Како што пишуваат спрските медиуми, една од главните ѕвезди на претстојниот фестивал Егзит (10-14 јули) ќе биде Снуп Дог. Познатиот рапер по втор пат ќе излезе пред публиката на познатиот фестивал, каде што би требало да го претстави неговиот нов албум.

Раперот во моментов е во центарот на вниманието и заради промената на името, како и преминувањето од рап во реге музиката. За сега не е познато дали во Нови Сад ќе настапи како Снуп Дог или Снуп Лајон, како што се нарекува во изминатиот период.

Калвин Кордозар Броадус Џуниор е името на овој рапер кој е на сцена од 1992 година. Најпознат е по нумерите „Gin N Juice“, „Nuttin But a ‘G’ Thang“, „What’s My Name“, но и по тоа што е творец на бројните кованици кои завршија во познатиот урбан речник – izzle, fo-shezy, lil beezy...

Неговиот најнов потфат е албумот насловен „Reincarnated“, кој го сними под влијание на Јамајка и реге музиката, која стана негова фасцинација. Воедно, заради тоа го променил името во Снуп Лајон: „Отидов во храмот и од свештеникот добив ново име. Сакам потполно да расчистам со Снуп Дог“ – рекол реинкарнираниот рапер.

За сега не е потврдено кога ќе го претстави албумот кој го најави со синглот „La la la“, а документарниот филм кој го следи неговото патување на Јамајка ќе биде премиерно претставен на 15-ти март на Фестивалот во Торонто.



Врати се горе ↑