22 февруари, 2016

Снимка од „Златна бубамара 2016“

Во четвртокот вечерта, на 18 февруари, само најбрзите и најсреќните имаа можност да ја проследат во живо 19. по редЗлатна бубамара на популарноста, во чии рамки беа наградени најуспешните за 2015 година, а настапија и голем број музички ѕвезди од Македонија и регионот. Музика, хумор и забава го одбележаа и ова издание на оваа популарна манифестација, чија снимка вчера премиерно се емитуваше на „Канал 5“, а за сите што ја пропуштија, сега е достапна и на Јутјуб, благодарение на Саше Симоновски. Доколку и Вие ја пропуштивте, или пак сакате уште еднаш да уживате во ова 4-часовно шоу, сето тоа Ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑