За Вас kamp (1)

15 јуни, 2015

Снимање на детска авантура во дивина „Потрага по загубеното богатство“

„Потрага по загубеното богатство“ е темата на филмската авантура што летово ќе се снима во рамките на филмскот детски камп во периодот од 26 јуни до 1 јули, а во организација на КЦ „Тинтири – Минтири“ и „Аурипигмент продукција“ од Скопје.

Група деца секојдневно ќе работат на задачата – снимање филм на тема „Потрага по загубеното богатство“, каде децата вистински ќе бараат богатство и ќе го најдат, а сето тоа ќе биде снимено со филмска камера. Во текот на снимањата децата покрај усовршувањето на актерските вештини ќе стекнат основни знаења за тоа што и како се режира, како се снима и се продуцира едно филмско дело, како се поставува природно и вештачко светло, работа со тон и уште многу други работи поврзани со филмот.

Воедно, со помош на инструкторот за техники на преживување во природа,  децата ќе се стекнат и со основните вештини за снаоѓање во природа и напредни извиднички техники: палење на оган, подготвување на храна во природни услови и со користење на природни ресурси, поставување на камп, прва  помош и заштита и сл.

„Прашањето што ќе нè раководи при снимањето и останатите активности е како ќе се снајдеш ако си изгубен на пуст остров, на место без цивилизација и без техника? Филмот што ќе се сними ќе биде првата македонска авантура во дивина, а сите заинтресирани ќе можат премиерно да го гледаат на големо платно“, вели Кузман Кузмановски, режисер и раководител на КЦ „Тинтири – Минтири“.

Пријавувањето за кампот е во тек, а рокот е до 20 јуни 2015.

Снимениот филм ќе биде презентиран јавно, спакуван како адаптирано аудио-визуелно четиво за деца. Секое дете учесник во кампот ќе добие примерок од финалниот производ и дел од „пронајденото богатство“.

Повеќе информации за кампот и другите активности можете да добиете на контакт телефоните 078 44 75 27, 078 301 551 и 078 30 21 61 или на нашиот мејл  kc.tintirimintiri@gmail.com и веб-сајт tintirimintiri.mk.



Врати се горе ↑