12 февруари, 2018

Снеже Радичевска го најавува првиот соло-албум со „На сред село“

Тетовчанката Снеже Радичевска со спотот за темата „На сред село, чешма шарена“ го најавува првиот солистички албум, на кој работеше подолго време. Спотот е снимен на внимателно избрани локации, за да вистински се долови суштината на песната, која е само уште еден показател дека имаме непресушен извор од каде „излегуваат“ навистина убави македонски песни.

„Спотот се снимаше во Лешочкиот манастир и во селото Беловиште, тетовско, и се надевам дека навистина целосниот пакет ќе наиде на убави коментари од публиката. Песната со која го најавуваме албумот е сосем случајно избрана за прва да биде промовирана, бидејќи сите ми се посебно драги“, вели Снеже.

На албумот „Желбо моја“ ќе се најдат девет новокомпонирани песни со фолк, етно и поп-фолк призвук, а поголемиот дел се работени во студиото „Гранд“, заедно со Далибор Ѓошиќ. Освен Далибор и неговото студио, на албумот како соработници се потпишуваат и Дејан Момировски, Борче Нечовски, Љупчо Павлоски, Љупче Василев

Наскоро Снеже ја очекува и турнеја надвор од Македонија, каде оди заедно со Далибор Ѓошиќ, а песните од новиот албум ќе ги слушнат и нашинците кои живеат во Шведска, Данска, Австралија и Америка.



Врати се горе ↑