Видео

6 февруари, 2019

Смртни закани за францускиот евровизиски претставник Билал Асани

Францускиот евровизиски претставник Билал Асани, кој деновиве триумфираше на националниот избор со темата „Roi“ (Крал), добивал смртни закани заради фактот што натпреварот ќе се одржува во Израел. Имено, 19-годишниот пејач со мароканско потекло, кој е хомосексуалец и е познат по необичните сценски настапи, изјавил дека анти-израелски активисти му се заканувале со смрт, а добивал закани и заради сексуалната ориентација.

Тој случаите ги пријавил и во полиција, но додал дека нема да му застанат на патот за Тел Авив. „Дознав дека животот таму е мошне возбудлив и едвај чекам да стигнам“, рекол тој.

Related image

Инаку, Билал се прославил преку бројните видеа што ги објавувал на својот канал на Јутјуб, а во 2015 се натпреварувал во детската верзија на натпреварот „Глас“ (The Voice), каде што на аудицијата ја отпеал евровизиската „Rise Like A Phoenix“ на контроверзната Кончита Вурст.

Неговата евровизиска песна „Roi“ зборува за самоприфаќањето, а интересно е тоа што како коавтори се потпишуваат минатогодишните претставници „Мадам месје“.



Врати се горе ↑