Балкан Gitarijada by Ivica Ivanovic (1)

7 август, 2014

„Смоук шејкерс“ со петто место на „Гитаријадата“ во Заечар

И покрај временските непогоди кои ја следеа уште од првиот ден, 48. „Гитаријада“ во Заечар го имаше можеби нејзиното најдобро издание досега, а богатата и разновидна програма и позитивната енергија придонесоа за извонредната атмосфера која ни дождот не можеше да ја наруши.

Во текот на двете полуфинални вечери се претставија четиринаесет извонредни натпреварувачки бендови кои му зададоа големи маки на седмочленото жири составено од Бранимир Локнер, Панта Џамбазоски, Драгиша Радуловиќ, Игор Башин, Драгутин Матошевиќ, Игор Полак и Ненад Кузмиќ, а резултатите се следните: Најдобар бенд за годинава е составот „Холографик хјуман елемент“ (Holographic Human Element) од Травник, „Д зу“ (D Zoo) од Суботица се прогласени за најдобар бенд според стручното жири за територијата на Србија, а најголем број гласови од публиката доби групата „Меда Вук и Сандокан“ од Петровац на Млава, чиј гитарист Ненад Стојковиќ е прогласен за најдобар гитарист од страна на „Илустрирана Политика“.

Според одлуката на жирито, третото место му припадна на бендот „Гаддемн“ (GodDamn), четвртото на „Револт“, а на петтото се најдоа единствените македонски претставници, кавадарчаните „Смоук шејкерс“.

   Смоук шејкерс

Најдобрите бендови ги очекуваат снимање, продукција и издавање на албум, снимање на видео записи како и поддршка за односи со јавноста од страна на самата установа на Гитаријадата. 

 



Врати се горе ↑