Аудио 39108_138040779568585_7338682_n

15 јули, 2013

„Смоук шејкерс“ претставија нов сингл

На само неколку дена пред заминувањето за Бања Лука, Република Српска, каде што ќе настапат на престижниот „Јелен Демофест“, перспективниот кавадаречки рокенрол бенд „Смоук Шејкерс“ (Smoke Shakers) и официјално го промовираше својот нов сингл „Faith“. Се работи за модерна рокенрол песна, во која повторно доминира препознатливиот инди рок стил на Шејкерси, што на песната и дава една посебна енергија, иако е малку посмирена од динамичното првенче „Stand Together“.

Како и претходникот, така и „Faith“ е целосно бендовска песна со која Горан Цвијановиќ, Ристе Димитров, Александар Димитров, Орце Павлов и Ристе Наумов го потврдија својот креативен потенцијал, но и способноста за тимска работа која резултира и со трет сингл кој ќе биде објавен неколку часови пред заминувањето за Бања Лука.

Шејкерси имаат доста хиперактивен период исполнет со работа на новите песни кои ќе се најдат на деби албумот на групата, а интензивно се подготвуваат и за Јелен Демофест (18-20 јули) каде што кавадаречката гордост ќе настапи рамо до рамо со уште 31 бенд кои ќе се борат за првата награда која вклучува снимање и продукција на албум, како и телевизиски спот и премиера на музичкиот канал „Ем-ти-ви“.

Покрај Шејкерси кои ќе настапуваат во натпреварувачкиот дел, во програмата на Јелен Демофест се предвидени и настапите на нашите „Суперхикс“, како и Кирил Џајковски. Во продолжение слушнете го новиот сингл „Faith“.

 



Врати се горе ↑