Македонија smoke-shakers-jelen-demofest

21 јули, 2013

„Смоук шејкерс“ освоија 3-то место на „Јелен Демофест“

Кавадаречкиот рок состав „Смоук шејкерс“ (Smoke Shakers) деновиве учествуваше на шестото издание на фестивалот за демо бендови „Јелен Демофест“, кој се одржуваше од 18-20 јули во Бања Лука, Република Српска. Од околу 430 пријавени бендови од регионот, од Македонија пристигнале 17 пријави, но Шејкерси беа еднинствениот македонски состав кој успеа да се пласира до самото финале освојувајќи го високото трето место и дома се враќаат со сценска опрема во вредност од 2000 евра. Второто место го освои словенечкиот состав „Контрадикшн“, а овогодинешните победници се хрватските „психоделични панк блузери“ – „М.О.R.T“.

Непосредно пред заминувањето за Бања Лука, кавадаречката гордост деновиве го претстави и својот нов сингл „Faith“, кој го изведе пред многубројната публика на „Јелен Демофест“, а набрзо потоа беше претставена и песната „Sunny World“, која можете да ја слушнете веднаш откако ќе го прегледате одличниот настап на Шејкерси. Уживајте!

 



Врати се горе ↑