26 април, 2016

„Smack My B*tch Up!“ Даниел и Неша растурија како „Продиџи“

Даниел Кајмакоски имаше уште еден одличен настап во синоќешната епизода од емисијата „Твоето лице звучи познато“, каде што заедно со Неша Бриџис се појави како дел од познатата британска група „Продиџи“, изведувајќи го нивниот мегахит „Smack My B*tch Up“. За овој енергичен настап момците добија само пофални зборови од жирито, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе.

Како и секогаш, веќе се доделени задачите за следната епизода, така што наредниот пат Даниел ќе го видиме во улога на Шабан Шаулиќ.

Фотографија: prva.rs



Врати се горе ↑