Аудио k-t

12 февруари, 2014

Слушнете како звучи „Timber“ од Кеша, без Питбул

Веќе е познато дека сè поголем е бројот на фанови на Кеша кои сметаат дека гласот на популарниот рапер Питбул едноставно ги уништува нејзините песни, па така некој верен фан направил ремикс верзија од актуелниот хит „Timber“ со тоа што ги отстранил сите стихови на раперот. Но, за песната да звучи како комплетно дело (бидејќи во оригиналната верзија Кеша го пее само рефренот), наместо деловите на раперот се вметнати нејзини рапувања од необјавени демо снимки и песната „Woo Hoo“. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑