Свет Ratchet-2

21 јануари, 2013

Слушнете како ќе звучи соработката на Бијонсе, Гага, Ријана и Бенкс

Како што пишува порталот PopCrush, четирите познати дами Бијонсе, Лејди Гага, Ријана и Азилиа Бенкс веројатно ги здружија силите во една заедничка нумера „Ratchet“, која ќе се најде на претстојниот албум „ARTPOP“ на Гага, а сега „протече“ мал дел од оваа песна, колку да се подготвиме за следниот голем хит.

24-те секунди од песната почнуваат со сирени, а потоа продолжува музика во електро-поп и хип-хоп ритам, со нијанса на дабстеп. За оваа нумера се шушка веќе подолго време, првично најавена само како дует на Гага и Бијонсесвоевидно „продолжение“ на „Telephone“  додека Азилиа Бенкс изјавила дека со Гага соработувале на две песни кои таа ќе ги искористи како што сака. Една од тие песни беше потврдено дека е „Ratchet“, но за сега нема официјална потврда дека дел од нумерата ќе бидат Бијонсе и Ријана, кои визуелно навестија дека ќе работат со Гага; Бијонсе постирала слика со обетки на кои го пишува насловот на песната, а Ријана ја споменала Лејди Гага на нејзината веб страница.

Како и да е, песната наскоро ќе биде објавена, па ќе видиме кој сè ќе биде дел од неа. Во продолжение преслушајте го малиот дел кој деновиве „протече“ на интернет.

Извор и фото: Popcrush



Врати се горе ↑