Аудио mariah-carey-almost-home-thelavalizard

17 февруари, 2013

Слушнете како ќе звучи новата песна од Мараја Кери

Деновиве на интернет се појави мал дел од песната која е дел од саундтракот за Дизни филмот „Oz: The Great and Powerful“, а во изведба на Мараја Кери. Темата насловена „Almost Home“ е забавна со текст кој дава мотивација и позитивни чувства, типична за скоро сите филмови во продукција на Дизни.

„Песната носи порака кој одлично одговара со филмот. Тоа е песна која прави да се чувствуваш добро и да го сакаш домот и луѓето кои се дел од него.“ – изјавила Кери за оваа нумера која ја продуцираше Старгејт и има огромен потенцијал да биде хит. Песната во целост ќе може да се слушне во вторник, 19-ти февруари, а ќе стигне заедно со видео запис во режија на Дејвид ЛаШапел, вклучувајќи сцени од филмот. Со оглед на тоа што Мараја многу сака бајки, можеме да очекуваме одлична приказна за визуелизацијата на оваа интересна тема.

 

 



Врати се горе ↑