17 септември, 2014

Слушнете ја заедничката песна на Џенифер Хадсон и Иги Азалија

По првите два сингла „I Can’t Describe“ со Ти Ај и „Walk It Out“ со Тимбаленд, американската пејачка и актерка Џенифер Хадсон во изминатиов период претстави уште неколку песни од престојниот трет студиски албум насловен „JHUD“, закажан за 23 септември. 33-годишната пејачка за новиот материјал соработуваше со мошне голема ѕвездена екипа, а покрај Ти Ај и Тимбаленд, новиот албум ќе содржи и дуети со Ар Кели и сè попопуларната австралиска раперка Иги Азалија, како и хитмејкерот Фарел Вилијамс кој се потпишува како автор и продуцент на три песни, вклучувајќи го и дуетот со Азалија, „He Ain’t Going Nowhere“, кој можете да го слушнете горе.

 

Токму Фарел е можеби главниот виновник за враќањето на диско звукот во популарната музика, започнувајќи од мега хитовите кои ја одбележаа минатата година, „Get Lucky“ на Дафт Панк и „Blurred Lines“ на Робин Тик, а сега овој тренд го продолжува и Хадсон со тоа што прави одличен спој на Р’н’Б, соул и диско музиката. Покрај дуетот со Иги, оваа мешавина на влијанија може да се слушне и во претходниот сингл „Dangerous“, како и дуетот со Ар Кели, тематаIt’s Your World“, а сите досега објавени песни можете да ги слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑