Аудио Azealia-Banks

12 март, 2013

Слушнете ја „Yung Rapunxel“ од Азилиа Бенкс

Непосредно пред објавувањето на нејзиниот долгоочекуван деби албум „Broke With Expencive Taste“, кој според најновите информации ќе излезе на 26-ти март, Азилиа Бенкс го претставува првиот официјален сингл насловен „Yung Rapunxel“, оригинално најавен за 12-ти февруари, но со задоцнување пристигна дури вчера. Песната ја потпишува диџејот и продуцент Лил Интернет, порано познат и како Ред Фокс, а подготвен е и видео запис за чија режија беше задолжен Џем Сатон. Во продолжение преслушајте ја „Yung Rapunxel“.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑