Аудио jh-wio

18 април, 2014

Слушнете ја „Walk It Out“ од Џенифер Хадсон и Тимбаленд

Како што е познато, американската пејачка и актерка Џенифер Хадсон веќе извесен период работи на својот трет студиски албум кој ќе го наследи „I Remember Me“ од 2011 година и на кој како продуценти и соработници ќе се потпишат имиња како што се Фарел Вилијамс, Ар Кели и Тимбаленд. Веќе имавме можност да го погледнеме видео записот за првиот сингл од ова издание, песната „I Can’t Describe (The Way I Feel)“ во која гостува Ти Ај, а деновиве пристигна и песната „Walk It Out“ во соработка со познатиот продуцент Тимбаленд. Како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑