Аудио 0

24 јануари, 2013

Слушнете ја „Валкан Балкан“ на Токму Така

Познатиот комичар Љупчо Бубо Kаров, дел од екипата „K 15“, сними песна со групата Токму така. Нумерата е со наслов „Валкан Балкан“ и веќе се емитува во домашниот радиоетер. Во групата членуваат Јане Хаџинаумовски, Јосо Андреев, Ано Јосифов, Златко Попангелов и Џовани Ангелков. Нумерата е снимена во студиото на Столе Аврамов во Kавадарци. За миксањето помогна Kостадин Kамчев – Моцарт, кој има студио во Њу Џерси и е поранешен член на Токму така. Во продолжение слушнете ја „Валкан Балкан“.

 



Врати се горе ↑