Аудио conquering lion

10 ноември, 2013

Слушнете ја „Trickster’s End“ од „Конкеринг лајон“

Реге составот „Конкеринг лајон“ деновиве го претстави вториот сингл од претстојниот трет албум „Revelation“, а темата насловена „Trickster’s End“ е снимена во студиото „MarryPhat“од страна на Ивица Јанкуловски. Негов е миксот на целиот албум заедно со бендот, додека за мастерингот беше задолжен Фредерик Лино (Frédéric Luneau – „Web Cam Hi-Fi“) од Франција.

„Toa е една од подинамичните песни на албумот во која се одлучивме да твориме во насока на модерно реге (new roots) комбинирано со некои елементи што често може да се сретнат во рага (ragga) правецот. Идејата да се спојат овие правци даде свежина кај сите нас, за да на крајот брзо и ефективно склопиме позитивен разигран аранжман“ – велат „Конкеринг лајон“.

„Trickster’s End“ е најава на „Revelation“, нивниот трет студиски албум кој ќе се појави оваа есен, односно до крајот на месецов, преку Пасворд Продакшн.

 



Врати се горе ↑