Аудио pb

23 ноември, 2014

Слушнете ја „This Is Not A Drill“ од Питбул и Биби Рекса

Како што е познато, Питбул деновиве го објави својот осми студиски албум насловен „Globalization“, а веќе имавте можност да ги слушнете темите „Fireball“ со Џон Рајан, „Celebration“ и соработките со Крис Браун и Ни-Јо („Fun“ и „Time Of Our Lives“). Меѓу 11-те нумери на новото издание се најдоа и соработките со Џенифер Лопез и Клаудија Леите (We Are One (Ole Ola)), „Џи-ар-ел“, Шон Пол, Џејсон Деруло и Џуси Џеј, како и со младата американска пејачка со потекло од Дебар, Биби Рекса, односно Блета Реџа.

25-годишната пејачка својот прв официјален сингл „I Can’t Stop Drinking About You“ го објави во март годинава, во меѓувреме соработуваше и со Деjвид Гета, а се потпиша и како автор на хитови на Мадона, Селена Гомез, како и мега-хитот The Monster“ од Еминем и Ријана. Како звучи нејзината соработка со Питбул можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑