Аудио ca-trt

14 април, 2015

Слушнете ја „The Real Thing“ од Кристина Агилера

Кристина Агилера неодамна најави дури два нови сингла, коишто беа закажани за 21 април, но веќе имаме можност да слушнеме еден од нив. Имено, двата нови сингла ќе бидат дел од тековната сезона на американската музичка серија „Нешвил“, во која пејачката ќе се појави во неколку епизоди. Синглот „The Real Thing“ можете да го слушнете во продолжение, а наскоро се очекува да биде објавен и вториот, кој ќе го носи насловот „Shotgun“.

 

 



Врати се горе ↑