Аудио a-rw

4 октомври, 2014

Слушнете ја „The Days“ од Авичи и Роби Вилијамс

Како што Ви пренесовме порано годинава, популарниот шведски диџеј и продуцент Авичи одлучи материјалот за новиот албум да биде во рок стил, а во тоа му помогнаа колеги како што се Џон Бон Џови, Серџ Танкијан од „Систем оф а даун“ и Били Џо Армстронг од „Грин Деј“, како и Вајклеф Жан, чија соработка ќе биде во реге стил.

25-годишниот продуцент, чие име е Тим Берглинг, продолжува да го редефинира звукот на електронската музика, спојувајќи ја со други музички жанрови, а сега, како прв „залак“ од новото издание пристигна уште една интересна соработка. Станува збор за темата насловена „The Days“, во која гостува британската ѕвезда и „повремен“ член групата „Тејк дет“, Роби Вилијамс, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

Второто студиско издание на Авичи ќе го носи насловот „Stories“ и се очекува да излезе следната година.



Врати се горе ↑