Аудио one_direction

27 октомври, 2013

Слушнете ја „Story Of My Life“ од Уан Дајрекшн

Од новиот албум „Midnight Memories“ кој момците од Уан Дајрекшн го најавија за 25-ти ноември, деновиве пристигна и новиот сингл насловен „Story Of My Life“, кој го потпишува Џејми Скот. Во врска со новата песна, Најл Хоран за радио станицата Capital FM изјавил: „Џејми работеше со нас и на останатите песни од новиот албум. Во февруари и во март бевме на британска турнеја и еден ден кога се вративме во хотелската соба во Нотингем, тој нè чекаше таму и ни рече ’еве ја оваа песна што ја напишав и сакам да ви ја пуштам’. Истиот момент кога ја слушнавме, се заљубивме во песната која веројатно е една од најдобрите коишто некогаш сме ги претставиле.“

 Како звучи нивната „приказна“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑