Аудио c-s

5 ноември, 2014

Слушнете ја „Stars“ од Шерил

По сингловите „Crazy Stupid Love“ и „I Don’t Care“, британската пејачка Шерил деновиве објави уште една нова песна од претстојниот албум, кое ќе биде нејзино четврто студиско издание. Станува збор за песната насловена „Stars“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Во неодамнешно интервју за „Ем-ти-ви“, поранешната членка на групата „Грлс алауд“ открила дека многу ја сака Клои Кардашијан и дека би сакала да соработува со Бритни Спирс, а својот вокал во секое време би ѝ го позајмила на Иги Азалија. „Каква би била мојата соработка од соништата? Бритни. Бритни Спирс. Би можеле да пееме стих по стих, како што тоа го направија Бренди и Моника со песната ‘The Boy Is Mine’, само што ние би биле Бритни и Шерил“, изјавила госпоѓата Фернандез-Версини, која летово се омажи за Жан-Бернар Фернандез-Версини, за кој е познато само дека е Французин.

Новиот албум ќе го носи насловот „Only Human“, а ќе биде објавен на 10 ноември.



Врати се горе ↑