28 април, 2013

Слушнете ја „St. Tropez (Party Girl)“ од Лана Дел Реј

Секојдневно пристигнуваат новости за сè попопуларната пејачка Лана Дел Реј, без разлика дали станува збор за нови, стари, „протечени“ или преработени песни. Неодамна ја слушнавме песната „Young & Beautiful“, која ќе биде дел од саундтракот за филмот „Големиот Гетсби“, а беа претставени и две преработки на стари хитови („Chelsea Hotel No. 2“ од Леонард Коен и „Summer Wine“ од Ненси Синатра и Ли Хејзлвуд).

Деновиве „протече“ и една постара песна, за која е познато дека Лана ја снимила во 2010 година и дека на неа работеле продуцентите Ану Пилаи и Рој Кер. Песната насловена „St. Tropez“, а позната и како „Party Girl“, е со побрзо денс темпо, кое не е баш карактеристично за Дел Реј, а како звучи можете да слушнете горе.

 



Врати се горе ↑