Аудио km-gm

20 јануари, 2015

Слушнете ја соработката на Кајли Миног и Џорџо Мородер

Како што Ви пренесовме минатата година, познатиот италијански продуцент Џорџо Мородер на пролет ќе го објави својот тринаесетти студиски албум насловен „74 Is The New 24“, а меѓу колегите кои гостуваат на изданието се Бритни Спирс, Сиа, Мики Еко, Чарли Екс-си-екс, Кајли Миног и други. По насловната тема, деновиве стигна и соработката со австралиската ѕвезда, а песната насловена „Right Here, Right Now“, која наскоро ќе добие и видео запис, можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑