Свет jimisomewhere

9 јануари, 2013

Слушнете ја „Somewhere“ од Џими Хендрикс

Како што веќе објавивме, за 5-ти март е најавено објавувањето на албумот насловен „People, Hell and Angels“, на кое, како што најави магазинот Rolling Stone, ќе бидат претставени „12 необјавени песни, кои се состојат од експериментални материјали кои Џими Хендрикс ги снимил во 1968 и 1969 година.“ Легендарниот автор своевремено овие материјали ги наменил за албумот „First Rays of the New Rising Sun“, кој требаше да го наследи познатиот „Electric Ladyland“, а како што е познато, новиот албум никогаш не беше завршен, бидејќи Хендрикс трагично почина во 1970 година. Сега конечно стигна првата песна од новото издание.

Радио BBC на 7-ми јануари премиерно ја емитуваше новата песна „Somewhere“, која подоцна беше ексклузивно објавена на страниците на магазинот Rolling Stone. Бидејќи двата стримови се блокирани за нашиот регион, песната можете да ја чуете благодарение на ЈуТјуб.

 

Извор: Rolling Stone/MTV



Врати се горе ↑