Аудио ca

30 септември, 2014

Слушнете ја „Something In The Water“ од Кери Андервуд

Пејачката која пред десет години влезе во историјата како прва победничка на натпреварот „Американски идол“, кантри-поп ѕвездата Кери Андервуд најави албум со нејзините најголеми хитови, кој ќе биде објавен на 9 декември под насловот „Greatest Hits: Decade #1“. Како прв сингл од новото издание, 31-годишната пејачка ја претстави темата „Something In The Water“, чија продукција ја потпишува Марк Брајт, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение (или овде).

 



Врати се горе ↑