Аудио blake-shelton-feat.-sheryl-crow-silent-night

11 декември, 2013

Слушнете ја „Silent Night“ од Блејк Шелтон и Шерил Кроу

Познатиот американски кантри пејач и судија во музичкиот натпревар „The Voice“, Блејк Шелтон деновиве ја претстави својата верзија на добро познатата божиќна песна „Silent Night“ во која гостува колешката Шерил Кроу. Музичарот во април годинава го објави својот осми студиски албум насловен „Based On A True Story…“, кој дебитираше на водечката позиција на албумската кантри листа. По пауза од три години, Кроу во септември годинава го претстави нејзиниот осми студиски албум „Feels Like Home“, кој се најде на третото место на билбородовата листа на кантри албуми.

Како звучи оваа празнична соработка можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑