Слушнете ја „Sight of the Sun“ на Фан.
Популарниот бенд Фан. вчера премиерно ја претстави песната „Sight of the Sun“ која е дел од официјалниот саундтрак за американската тв серија „Девојки“ на HBO. Покрај Фан., дел од ова издание се и Слеј Белс, Робин и Флит Фоксис. Песната која првично беше наменета да се најде на албумот „Some Nights“, е снимена во Италија за време на паузата од нивната турнеја. Во продолжение слушнете ја „Sight of the Sun“.