Аудио article_big_1362415390owl_city__yuna

6 март, 2013

Слушнете ја „Shine Your Way“ од Аул Сити и Јуна

Премиерата на најновиот анимиран филм „The Croods“ од компанијата DreamWorks во која гласовите за ликовите ги позајмија актерите Николас Кејџ, Рајан Рејнолдс и Ема Стоун, за американскиот пазар е најавена за 22-ри март, а неодамна беше претставен и најавниот сингл, песната „Shine Your Way“, која ја претставуваат Адам Јанг, попознат како Аул Сити (Owl City) и помладата колешка Јуна (Yuna). За продукцијата беа задолжени Јанг, композиторот Алан Силвестри и авторот Глен Балард (познат по соработките со имиња како што се Мајкл Џексон, Аланис Морисет или Ноу Даут).

Ова е трет пат Јанг да работи музика за филмови – во 2010 година ја претстави песната „To The Sky“ од филмот „Legend Of The Guardians“, додека минатата година ја објави „When Can I See You Again?“ од саундтрак изданието за филмот „Wreck-It Ralph“. Во продолжение преслушајте ја „Shine Your Way“.

Извор: Idolator/MTV

 



Врати се горе ↑