Аудио usher__nicki_minaj

10 јули, 2014

Слушнете ја „She Came To Give It To You“ од Ашер и Ники Минаж

Како што е познато, Ашер подоцна годинава ќе го претстави својот осми студиски албум кој го најави со синглот „Good Kisser“, а деновиве беше објавена уште една песна од претстојното издание. Станува збор за темата „She Came To Give It To You“ во која гостува колешката Ники Минаж и чија продукција ја потпишува хитмејкерот Фарел Вилијамс. Ова е втора соработка за Ашер и Минаж, кои пред четири години соработуваа и за песната „Lil Freak“. Како звучи новиот дует можете да слушнете во продолжение.

 

Уште една новина поврзана со познатиот американски пејач е тоа што ќе настапи на овогодишното доделување на видео музичките награди на МTV, закажани за 24 август во Инглвуд, Калифорнија. Овој настап ќе биде негово трето појавување на овие награди, откако во 2010 година приреди незаборавна комбинација на хитовите „OMG“ и „DJ Got Us Fallin’ In Love“, како и во 2004 година со темите „Confession“ и „Yeah“ со Лудакрис и Лил Џон.

 



Врати се горе ↑