Аудио nd-szt

10 септември, 2015

Слушнете ја „Сè за тебе“ од Наталија Данаилова

Талентираната богданчанка, која ја паметиме по учествата на повеќе музички натпревари како што се „Македонски идол“ и „Х фактор“, Наталија Данаилова деновиве ја објави својата најнова песна насловена „Сè за тебе“. Пејачката повторно соработуваше со познатата авторка Весна Малинова, која се потпишува на музиката и текстот, аранжманот го направи Филип Динев, а придружните вокали ги отпеа Катерина Петковска.

 

Претходно Наталија соработуваше со Малинова за темата „Гледаш ли?“, која доби и свој видео запис, а во меѓувреме гостуваше и во првенчето на гевгеличанецот Дестрикс – темата „Freedom“.

И.Ј.



Врати се горе ↑