Аудио toni_braxton__babyface

26 јануари, 2014

Слушнете ја „Roller Coaster“ од Тони Брекстон и Бејбифејс

Минатата година американската пејачка Тони Брекстон, и покрај изјавата дека ќе се повлече од музиката, го најави нејзиниот нов студиски албум „Love, Marriage Divorce“, заедничко издание со нејзиниот колега и пријател, музичарот Кени „Бејбифејс“ Едмондс. За овој заеднички проект пејачката изјави: „Мислам дека поради тоа што и јас и Бејбифејс сме поминале низ разводи, можеме да се поврземе и да соработуваме заедно на оваа тема, а ќе можат да се пронајдат и сите оние коишто го доживеле тоа.“

Изданието првично закажано за ноември минатата година е одложено за 4-ти февруари, а по првата тема „Hurt“, деновиве беше претставена и песната „Roller Coaster“, која можете да ја слушнете во продолжение (или на овој линк).



Врати се горе ↑