Аудио article_big_1354833974johnny_depp_album_cover

14 февруари, 2013

Слушнете ја „Rio Grande“ од Кортни Лав и Мајкл Стајп

Како што пренесовме на почетокот на декември минатата година, група музичари со заеднички сили снимија албум со пиратски песни, насловен „Son of Rogue’s Gallery: Pirate Ballads, Sea Songs and Chanteys“, кој е своевидно продолжение од слична компилација насловена „Rogue’s Gallery“ од 2006 година. На изданието се најдоа бројни изведувачи, како и интересни комбинации, а издавањето е закажано за 18-ти овој месец. И овој пат, позади проектот застанаа актерот Џони Деп, режисерот Гор Вербински и продуцентот Хал Вилнер.

Од двојниот албум на кој ќе се најдат вкупно 36 песни, неколку од нив веќе се објавени на сервисот ЈуТјуб, а деновиве стигна уште една. Станува збор за дуетот на Кортни Лав и некогашниот фронтмен на R.Е.М., Мајкл Стајп, а песната е насловена „Rio Grande“ и можете да ја преслушате во продолжение.

Извор: MTV



Врати се горе ↑