Слушнете ја „Реци да ме не волиш“ на Александар Белов
По учеството на „Макфест 2014“, Александар Белов настапи на јубилејното 20-то издание на црногорскиот фестивал „Сунчане скале“, а оваа пригода ја искористи да ја претстави својата нова песна насловена „Реци да ме не волиш“. Оваа песна чии автори се Антонија Шола (музика и текст) и Дарко Тасев (аранжман), е всушност верзија на хрватски јазик од веќе познатата „Кажи дека не ми припаѓаш“, чии стихови на македонски јазик ги потпиша Огнен Неделковски, а како изгледаше неговиот настап на познатиот фестивал можете да погледнете во продолжение.