Аудио da

9 јануари, 2015

Слушнете ја „Разбуди ме на полноќ“ од Димитар Андоновски

Оние кои во својата музичка колекција веќе го имаат деби албумот на Димитар Андоновски, сигурно уживале слушајќи ја оваа прекрасна балада, која битолчанецот вчера ја објави и на својот канал на „Јутјуб“. Станува збор за темата „Разбуди ме на полноќ“, чии автори се Лазар и Магдалена Цветкоски и која се најде на првенчето „Ова небо знае сè“, промовирано во јуни минатата година.

Доколку сè уште не сте го набавиле ова издание, истото можете да го најдете во сите музички продавници и маркетите на „Тинекс“. Ако хитовите како што се „Месечина“, „Ми зеде сè“, „Свој на своето“ (кој доби и акустична верзија), „Во мене љубовта умира“, „Само тоа го можеш ти“, „Гледај ме во очи“, „Ако ме боли“, „Добро ме познаваш“ и секако насловната „Ова небо знае сè“ не беа доволен мотив да го купите првенчето на минатогодишниот победник на „Сунчане скале, можеби токму оваа балада ќе Ве убеди да го направите тоа. Уживајте!

 



Врати се горе ↑