Аудио alicia_keys

7 ноември, 2013

Слушнете ја „Queen Of The Field“ од Алиша Киз

Во септември годинава во кино салите беше премиерно прикажан филмот „12 Years A Slave“, во кој режисерот Стив Меквин раскажува за ужасите на робовладетелството во САД пред големата граѓанска војна помеѓу Северот и Југот. Овој наслов, за кој се смета дека е сериозен кандидат за овогодишната награда Оскар во повеќе категории, е основан на потресната автобиографија која во XIX век ја објави Соломон Нортап, кој бил заробен и поминал 12 години како роб на плантажите во југот на Америка.

Саундтракот од овој филм, чија музика ја компонираше Ханс Цимер, е најавен за 11-ти ноември, а учествуваат и имиња како што се Џон Леџенд, Алабама Шејкс, Гери Кларк Џуниор и Лора Мвула.  Првата песна од ова издание ја претстави познатата американска музичарка Алиша Киз, а темата насловена „Queen Of The Field (Patsey’s Song)“ можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑