Аудио sb-pol-ac

19 февруари, 2014

Слушнете ја првата оригинална песна на Сем Бејли

Победничката на 10-тиот јубилеен серијал од британскиот X Factor, прекрасната Сем Бејли деновиве ја објави својата прва оригинална песна која ќе се најде на нејзиниот деби албум „The Power Of Love“ закажан за 24-ти март. Пејачката сè уште е актуелна и со победничкиот сингл „Skyskraper“ оригинално отпеан од американската пејачка Деми Ловато и со кој дебитираше на првото место на британската сингл листа. Како звучи нејзината прва оригинална песна насловена „Compass“ можете да слушнете во продолжение.

 

„Едвај чекам да ги слушнам финалните верзии на песните затоа што додека снимавме јас пеев за едноставни демо снимки врз кои се градеше конечниот резултат. Албумот содржи од сè по нешто. Има нови песни и преработки, но мислам дека тоа се преработки какви што не сте слушнале веќе долго време.“ – изјавила пејачката за британски Digital Spy.

На нејзиното првенче ќе се најдат 11 теми кои вклучуваат преработки и оригинални песни, како и соработки со Никол Шерцингер и Мајкл Болтон. Дуетот со Никол е темата „And I’m Telling You“ која заеднички ја отпеаја на големото финале на X Factor, во преполниот стадион Вембли. Оваа песна е оригинално отпеана од Џенифер Холидеј за бродвејскиот мјузикл „Dreamgirls“ во 1981 година, а подоцна во 2006 година за истоимениот филм ја препеа и актерката и пејачка Џенифер Хадсон. Дуетот со Мајкл Болтон е темата „Ain’t No Mountain High“ која ја изведоа на неодамнешните телевизиски награди во Велика Британија, песна оригинално снимена во 1967 година од Марвин Геј и Тами Терел.

Списокот на песни од новото издание можете да го видите во продолжение.

1. The Power Of Love
2. From This Moment On
3. There You’ll Be
4. And I Am Telling You (duet with Nicole Scherzinger)
5. Compass
6. Lord Is It Mine
7. Get Here
8. Treasure
9. Ain’t No Mountain High Enough (duet with Michael Bolton)
10. Superwoman
11. Skyscraper



Врати се горе ↑