Аудио rednoseonedirection

19 февруари, 2013

Слушнете ја преработката на „One Way Or Another“ од Уан Дајрекшн

Како што најавија при крајот на минатата година, момците од британскиот бенд Уан Дајрекшн направија преработка на хитот „One Way Or Another“, кој во 1978 година го изведе групата Блонди. Песната е официјален сингл за добротворната кампања „Red Nose Day“ (15-ти март).

„Ова претставува неверојатна чест за нас. Едвај чекаме да ја изведеме нашата верзија на оваа легендарна поп-песна и се надеваме дека ќе собереме што повеќе средства за кампањата“ – изјавија членовите на бендот, а оваа нумера ќе ја изведат на Британските музички награди. Во продолжение слушнете како звучи нивната верзија на големиот хит.

 



Врати се горе ↑