Аудио gjorgji-krstevski

10 јули, 2013

Слушнете ја „Прекрасна“ од Ѓорѓи Крстевски

Како што неодамна најави, нашиот кантавтор Ѓорѓи Крстевски деновиве ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Прекрасна“. Секако дека композицијата е комплетно авторско дело на Крстевски, а наскоро ќе пристигне и видео запис кој се снимаше во Охрид под режисерската палка на Даниел Јовески. Претставувајќи ја новата песна на неговата официјална фејсбук страница, Крстевски напиша:

„Драги мои, Ви благодарам за сета љубов што ми ја дававте овие три години, за Вашето трпение, за тоа што постојано знаевте како да ми покажете колку Ви недостига мојата музика… Јас не можам да Ви кажам колку многу Вие мене ми недостасувавте, не постои таков збор… Се надевам дека нема да Ве разочарам. Ви посакувам забавно лето и сите да имате некој или некоја на која ќе може да му испеете „Прекрасна“.

Покрај Крстевски, во работата на новата песна учествуваа и Трајче Давков (саксофон), Благоја Алачки (гитара), Емилија Гиевска (придружен вокал) и Бобан Апостолов кој го направи миксот. Во продолжение слушнете како звучи „Прекрасна“, а доколку Ви се допаѓа можете да си ја симнете од  веб страната на Ѓорги Крстевски.

 



Врати се горе ↑