Аудио

29 април, 2019

Слушнете ја песната на Викенд, Сиза и Тревис Скот за „Игра на тронови“

Во петокот, на 26 април беше објавен албум со песни инспирирани од култната серија „Игра на тронови“, чија осма и последна сезона започна да се емитува пред две недели. Изданието насловено „For The Throne“ содржи нови и оригинални песни од бројни музичари, меѓу кои Ели Гоулдинг, Џејмс Артур, фронтменот на „Мјуз“ – Мет Белами, „Мамфорд енд санс“, Ејсеп Роки, Клои и Хали, Тај Дола Сајн и други.

Како воведен сингл беше објавена темата „Power Is Power“ од Викенд, Сиза и Тревис Скот, чие видео стигна заедно со албумот, а претходно беа претставени и двата промотивни сингла – „Kingdom of One“ од Марен Морис и „Nightshade“ од „Луминирс“.

 



Врати се горе ↑