Аудио

9 февруари, 2018

Слушнете ја песната на Дуа Липа за „50 нијанси ослободени“

Британската ѕвезда Дуа Липа даде свој придонес на саундтракот за последното продолжение од филмската трилогија „50 нијанси“, а песната насловена „High“ е во соработка со американскиот диџеј и продуцент Ветан (Whetan). Се чини дека станува збор за уште еден потенцијален хит за младата пејачка, која годинава доби најмногу номинаци за британските музички награди, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Освен Дуа, на саундтракот запеаја и нејзините колеги Рита Ора со Лиам Пејн, Хејли Стајнфелд со БладПоп, Сиа, Џеси Џеј и Џулија Мајклс, чија песна „Heaven“ доби и своја екранизација, а како изгледа сето тоа погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑