Аудио fifi-wellcome-to-my-world

21 јуни, 2014

Слушнете ја песната која Андријана Јаневска ѝ ја подари на Фифи

Како што Ви пренесовме пред извезно време, уште на самиот почеток на регионалното издание на музичкиот натпревар X ФакторАндријана Јаневска изјави желба да им подари песни на нашите финалисти – Фифи и Даниел Кајмакоски. Јаневска и Фифи веќе извесен период работеа на нивната заедничка песна која својата премиера ја доживеа на големиот концерт на X Фактор кој се одржа на почетокот на месецов, а деновиве веќе е достапна за преслушување и на ЈуТјуб.

„Се надевам дека ќе ви се допадне, бидејќи ќе биде нешто сосема поинакво од она што го имам работено досега. Ти благодарам Андријана, ти си една прекрасна личност“ – напишала Фифи на профилот на Фејсбук најавувајќи ја новата соработка, на што Андријана ѝ одговорила: „Ќе имаш најоригинална песна на естрадата, тоа е сигурно. Плус во комбинација со тебе како оригинална личност, нема да има промашување. Имаш талент, желба, харизма, сè што е потребно за успех. Најискрено се надевам дека ќе имаш хит“ – се вели во коментарот на веќе искусната пејачка и текстописец.

Песната насловена „Welcome To My World“ можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑