Македонија 150774_393904483988481_1087405275_n

25 февруари, 2013

Слушнете ја „Паѓа мрак“ од Визија

Од бендот Визија кој е присутен на македонската рок сцена од ноември 2011 година, неодамна можевме да ја чуеме песната „Гласот на мојата душа“, а сега стигнува уште едно музичко парче од овој скопски бенд. Станува збор за песната „Паѓа мрак“, која можете да ја преслушате во продолжение.

Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара и придружни вокали), Марко Гапо (вокал и ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара и придружни вокали) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови со цел формирање на сопствен стил. Во Јуни 2012 бендот Визија настапи на Т’к – так фест во Кавадарци, каде што беше прогласен за еден од најдобрите три бендови на фестивалот, а во ноември 2012 бендот бележи настап на престижниот фестивал Таксират.



Врати се горе ↑