Аудио Florence__the_Machine_single_cover

23 април, 2013

Слушнете ја „Over The Love“ од Флоренс + д машин

Како што се наближува денот на објавување на саундтракот за филмот „Големиот Гетсби“, во режија на Баз Лурман и Леонардо ДиКаприо, Тоби Мегваер и Кери Малиган во главните улоги, малку по малку се појавуваат и песните кои ќе се најдат на ова издание, чиј извршен продуцент е Џеј Зи.

За музичкиот дел од оваа четврта филмска адаптација на познатиот роман, се погрижија имиња како што се Лана Дел Реј, Бијонсе, Вил Ај Ем, Емели Санде, Џек Вајт, Сиа, Брајан Фери и други, а деновиве пристигна и песната која ја изведуваат Флоренс + д машин, а нумерата насловена „Over The Love“ можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑