Аудио ns-otr

26 август, 2014

Слушнете ја „On The Rocks“ од Никол Шерцингер

Со успешниот сингл „Your Love“, некогашната членка на групата Пусикет Долс, Никол Шерцингер го најави враќањето на музичката сцена и објавувањето на нејзиното ново издание кое ќе го наследи „Killer Love“ од 2011 година. Сè уште не се познати многу детали за претстојниот албум, освен тоа дека извршни продуценти се Кристофер Стјуард, попознат како Трики, и Териус Неш, познат како Д-Дрим. Во неодамнешно интервју за магазинот „Дигитал Спај“, пејачката го опишала новиот звук како „модерна мешавина на влијанија од изведувачи како што се Џенет Џексон и Шаде, а деновиве стигна уште една песна која може да го потврди тоа. Станува збор за песната насловена „On The Rocks“ која можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑