Аудио 944209_10200425241326599_2095635240_n

2 јуни, 2013

Слушнете ја официјалната химна на тетовскиот Рилајв Фестивал

На 20-ти април во Тетово за прв пат се одржа Рилајв фестивалот, а на сцената во спортскиот центар настапија многу домашни артисти и реномираниот диџеј Хуан Алварез. Токму на тој настан, меѓу домашните артисти се најде и Александар Галоски од Тетово.

Одлична вест за сите кои одлично си поминаа на првото издание на Рилајв, затоа што уште една незаборавна забава ќе се одржи и на 22-ри јуни. Сè уште не е позната целосната програма за таа вечер, но познато е дека Галоски ќе го затвори фестивалот со својот двочасовен сет. Но, тоа не е сè! Овој тетовски фестивал за кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција, деновиве доби и своја химна. Александар Галоски во соработка со хрватскиот диџеј и продуцент Wess, чие вистинско име е Михаил Веселиќ, ја направија химната насловена едноставно „Relive“, а како звучи оваа интересна соработка можете да слушнете во продолжение.

 


Врати се горе ↑