Аудио dido

28 октомври, 2013

Слушнете ја „NYC“ од Дајдо

Британската пејачка и текстописец Дајдо наскоро ќе ја објави својата прва компилација „Greatest Hits“. Ова издание е планирано за 25-ти ноември и ќе содржи нејзини стари хитови, но и една нова песна која, како што наведува пејачката, би требало сосема солидно да се вклопи во целата колекција. Станува збор за темата насловена „NYC“, која потсетува на некои од нејзините најдобри песни како што е „Sand In My Shoes“, која е под влијание на музиката од деведесеттите години.

Дајдо до сега има објавено 4 студиски албуми, а последниот од нив насловен „Girl Who Got Away“ беше претставен во март годинава. Нејзините први два албума „No Angel“ (1999) и „Life for Rent“ (2003) се меѓу најдобро продаваните албуми во историјата на британските топ листи, а двата се наоѓаат помеѓу десетте најпродавани албуми од 2000 година наваму во Британија.

Како звучи „NYC“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑