Аудио dcnewmaing

12 јануари, 2013

Слушнете ја „Nuclear“ од Дестинис Чајлд

Интересна вест поврзана со поранешната женска група Дестинис Чајлд, составена од Бијонсе Ноулс, Кели Роланд и Мишел Вилијамс е најавата за нивната нова заедничка песна насловена „Nuclear“. Имено, деновиве на нејзината официјална веб страница, Бијонсе напишала „дека е многу горда што може да ја најави првата нова Дестинис Чајлд музика во последните осум години“, по што следуваа шпекулации дека е можно реформирање на групата. Потврдени се и гласините дека тоа е „големото изненадување“ кое го најави Бијонсе за нејзиниот настап на американскиот Super Bowl кој ќе се одржи на 3-ти февруари, кога на полувремето оваа група ќе настапи во полн состав, веројатно изведувајќи ја и новата нумера „Nuclear“ која веднаш се појави на интернет, а можете да ја преслушате во продолжение.

 

За 29-ти јануари е закажано објавувањето на компилациското издание „Destiny’s Child – Love Songs“, на кое покрај познатите хитови од периодот од 1997 до 2004 година, ќе се најде и новата песна „Nuclear“, чија продукција ја потпишува познатиот Фарел Вилијамс. Во продолжение погледнете го целокупниот список на песни од најавеното издание.

  1. Cater 2 U
  2. Killing Time
  3. Second Nature
  4. Heaven
  5. Now That She’s Gone
  6. Brown Eyes
  7. If
  8. Emotion
  9. If You Leave (featuring Next)
  10. T­-Shirt
  11. Temptation
  12. Say My Name (Timbaland remix)
  13. Love
  14. Nuclear


Врати се горе ↑