Аудио emeli-sande-next-to-me-500x500

22 февруари, 2013

Слушнете ја новата верзија на „Next To Ме“ од Емели Санде

Само неколку часа откако победи во најважните категории на доделувањето на Британските музички награди, шкотската ѕвезда Емели Санде ја претстави американската верзија на синглот „Next To Me“, кој доаѓа од нејзиниот успешен алум „Our Version of Events“ и кој во Европа е претставен пред точно година дена, во февруари 2012 година. Во новата верзија на песната, чија продукција оригинално ја потпишуваат Хери Крејз и Хјуго „Хоакс“ Чегуин, гостува младиот рапер Кендрик Ламар, а сосема новата верзија на оваа нумера можете да ја преслушате во продолжение.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑