Видео нм

24 март, 2017

Слушнете ја новата соработка на Дејвид Гета, Ники Минаж и Лил Вејн

Дејвид Гета во една пригода открил дека ужива да соработува со Ники Минаж, па воопшто не треба да нè изненадува нивната нова заедничка тема насловена „Light My Body Up“, на која им се придружи и колегата Лил Вејн.

Музичарите претходно ги здружија силите за хитови како што се Turn Me On“, „Hey MamaиWhere Them Girls At, а допрва ќе дознаеме дали и оваа соработка ќе го повтори нивниот успех. „Light My Body Up“ стигна заедно со текстуален видео запис, а како звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑